Најбрзиот летен колач: Помешајте јогурт, бисквити и овошје
-->
Кога времето ќе затопли, никој не сака да ѝ се доближи на рерната. За овој десерт не ви треба ништо, освен ладни состојки.
Најбрзиот летен колач има лесен вкус и флексибилен рецепт, што го прави идеален за сите кои сакаат нешто вкусно без многу вложено време.
-->
Состојките се следни:
- 1kg бисквити
- 1l јогурт
- 50g шеќер во прав или засладувач по желба
- 500g измиени и исечкани јагоди или друго овошје по желба
- 300ml слатка павлака за матење
- Маргарин или путер за подмачкување
Подготовка:
- Во голем сад ставете ги искршените бисквити. Прелијте со јогуртот и измешајте.
- Ставете го исечканото овошје, па на крај додадете го и шеќерот или засладувачот. Добро промешајте.
- Премачкајте една тепсија со средна големина, со путер или маргарин и смесата распоредете ја во неа.
- Од слатката павлака направете шлаг и прелијте преку колачот.
- Оставете го во фрижидер неколку часа, најдобро да преноќи, за бисквитите да омекнат.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...