Кога ќе го пресечете – тече чоколадо: Колаче подобро и полесно од топло-ладно

Чоколадно колаче „посветено“ на сите љубители на чоколадото кои често знае да ги мрзи да прават разни филови и торти.

koga-ke-go-presecete-tece-cokolado-kolace-podobro-i-polesno-od-toplo-ladno-001.png

Толку брзо и лесно се прави, што е достојна замена за топло-ладно, а ви требаат само 15 минути.

Потребни состојки:

  • 120g чоколадни бисквити
  • 120ml млеко
  • 50g стопено чоколадо
  • Какао во прав
  • Малку путер/масло за премачкување на калапите

Подготовка:

  • Во блендер иситнете ги бисквитите и помешајте ги со млекото, додека не добиете хомогена смеса.
  • Калапите за мафини премачкајте ги со путер или масло, па наполнете 1/3 од секој од нив со смесата.
  • Во меѓувреме стопете чоколадо и прелијте преку смесата дел од стопеното чоколадо, па покријте со уште 1/3 од смесата од бисквити.
  • Печете на 180 степени околу 15 минути.
  • Декорирајте со какао во прав.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста  Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg