Најевтината летна салата е и највкусна – од домати и стар леб

Panzanella е модерниот збор за најевтината и највкусната салата која може да ја направите како цел летен оброк.

najevtinata-letna-salata-e-i-najvkusna-od-domati-i-star-leb-001.jpg

Италијанците отсекогаш се поврзуваат со храната во која е вклучена магијата на маслиновото масло, свежите домати и домашното сирење.

Panzanella е салатата која ќе ве освежи без да ви го испразни џебот.

Потребни состојки:

  • 1kg домати
  • 2 лажици крупна морска сол
  • 350g стар, бајат леб
  • 150ml маслиново масло
  • 1 виолетов кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици оцет или балсамико
  • Малку бибер и босилек
  • 1 парче сирење по желба

Подготовка:

  • Во голем сад исечкајте ги доматите, па заедно со солта оставете ги да отстојат додека не пуштат сок.
  • За тоа време загрејте ја рерната, помешајте го стариот леб исечкан на коцки со малку маслиново масло и печете 15-тина минути на 180 степени, додека не добиете крутони.
  • Во садот со доматите, додадете ги и сите останати состојки. Лукот може да го сечкате или да го истолчите.
  • На крај помешајте го лебот со салатата и оставете да впие од сокот од доматите околу 30-тина минути.
  • Послужете ја салатата ладна и дополнете со чаша бело вино.

najevtinata-letna-salata-e-i-najvkusna-od-domati-i-star-leb-02.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg