Десерт во чашка – ледено, кремасто задоволство со грчки јогурт и манго
-->
Зачинете го летото со десерт кој ќе ви ги освои непцата. Совршен спој на солено и слатко, мало ледено задоволство кое ќе го засакаат сите.
Потребни состојки:
- 1 манго, излупено и исечкано на ситни парчиња (може да се замени со праски)
- 340 g грчки јогурт
- 2 големи лажици кафеав шеќер или мусковадо шеќер
- 1/3 шолја тостирани и крупно исечкани бразилски ореви
Начин на подготовка:
- Измешајте го исечканото манго (или праските) со грчкиот јогурт и поделете ја смесата во 2 проѕирни чаши или теглички.
- Врз секоја од нив додадете малку кафеав (или мусковадо) шеќер.
- Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги во фрижидерот од еден до два часа или додека кафеавиот шеќер не се соедини во смесата.
- Потоа извадете ги и додадете ги крупно сечканите (и претходно потпечени) бразилски ореви.
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...