Одлично летно мезе – освежувачки раженца од диња, пршута и моцарела

Во потрага сте по лесен и едноставен рецепт кој ќе ви одземе помалку од 5 минути, а ќе ги задоволи вкусовите на речиси сите? Го имаме совршениот предлог – раженца со диња, моцарела и пршута.

Osvezuvacki-razhenca-od-dinja-prshuta-i-mocarela-01.jpg

Освен што вкусот е божествен, тие изгледаат одлично, мирисаат прекрасно, па дефинитивно ќе задоволите неколку сетила истовремено.

Потребни состојки:

  • 1 диња
  • 12 ливчиња свеж босилек
  • 12 моцарела топчиња
  • 12 парчиња пршута
  • Балсамико крем оцет
  • Дрвени стапчиња за раженца

Начин на подготовка:

  • Исечете ја дињата и исчистете ја од семките. Со помош на мала метална алатка, извадете 24 топчиња од дињата (доколку немате ваква алатка, слободно може да исечкате мали коцки).
  • На стапчето за раженца почнете со „нижење“ – слој диња, ливче босилек, топче или парченце моцарела, пршута и повторно завршете со парче диња.
  • Попрскајте ги раженцата со балсамико оцет и сервирајте веднаш.

Osvezuvacki-razhenca-od-dinja-prshuta-i-mocarela (3).jpg

Osvezuvacki-razhenca-od-dinja-prshuta-i-mocarela (2).jpg

Osvezuvacki-razhenca-od-dinja-prshuta-i-mocarela (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg