Лесен ручек за летните денови: Лазања од зеленчук и кашкавал

Во деновите кога е претопло, ретко кој сака да јаде тежок ручек со месо и тестенини, па ова е вкусна, вегетеријанска замена за традиционалната лазања.

Sovrsheno-za-letnite-temperaturi-lazanja-od-zelenchuk-i-sirenje-01.jpg

За подготовка на овој рецепт ќе ви биде потребен само зеленчук и млечни производи. Наместо тестенини, лазањата ќе ја правите со редови од тиквички и модар домат.

Состојки:

  • 300 g модар домат
  • 300 g тиквички
  • 300 g домати
  • 150 ml масло за јадење
  • 350 g кашкавал
  • 3 jajцa
  • 250 ml кисела павлака
  • 1 лажичка сол
  • Зачини по вкус

Подготовка:

  • Модриот домат и тиквичките се мијат и се лупат, а потоа се сечат на кругови или на потенки ленти. Посолете ги и оставете да отстојат во чинија околу 1 час за да испуштат течност, а во меѓувреме исечете ги и доматите на кругови.
  • Премачкајте го плехот со масло и наредете прво модар домат, па повторно премачкајте со масло, па ставете домати, па тиквички и одозгора наредете кашкавал. Ова го повторуваме сè додека не ги потрошиме сите состојки. Завршете со тиквички одозгоре и прелијте ги со преостанатото масло. По желба може и одозгора да додадете рендан кашкавал.
  • Лазањата покријте ја со фолија и ставете да се пече околу 20 минути на 200 степени Целзиусови или додека тиквичките не добијат убава румена боја.
  • Кога ќе биде при крај, тргнете ја фолијата. Прелијте ја готовата лазања со 3 изматени јајца и кисела павлака. Вратете во рерна уште малку да се запече.

Ова јадење се јаде топло, а доколку имате остатоци можете слободно да ги стоплите наредниот ден.

lesen-ruchek-za-letnite-denovi-lazanja-od-zelenchuk-i-kashkaval-02.jpg

lesen-ruchek-za-letnite-denovi-lazanja-od-zelenchuk-i-kashkaval-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg