Највкусната чоколадна торта без грам брашно

Оваа чоколадна торта без брашно е одличен десерт без многу калории, но не мора да се храните безглутенски или диетално за да уживате во овој богат чоколаден колач.

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno-01.jpg

Се подготвува лесно и брзо, а го снемува од чинијата уште побрзо:

Потребни состојки:

  • 12 лажици стопен путер (плус дополнително за подмачкување)
  • 340 g темно чоколадо
  • 6 големи јајца
  • ½ шолја шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат сол

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175ﹾC. Во кружен калап за печење поставете хартија за печење и премачкајте го дното на калапот со малку путер.
  • Стопениот путер помешајте го со чоколадото на пареа. Нежно мешајте додека не се соединат и не добиете мазна смеса (втората опција вклучува топење на путерот и чоколадото во микробранова, во интервали од 30 секунди, додека добро не се растопат).
  • Тргнете ја смесата настрана малку да се олади. Измешајте ги јајцата, шеќерот, солта и екстрактот од ванилата и мешајте ја смесата од 5-8 минути додека да ја смени бојата, односно стане малку побледа, густа и двојно го зголеми волуменот.
  • Додадете 1/3 од оваа смеса во смесата од чоколадо и путер и нежно промешајте. Повторете ја оваа постапка уште 2 пати, додека целосно не ја истурите смесата од јајца во чоколадната. На крајот истурете ја конечната смеса за колачот во калапот.
  • Печете од 35 до 45 минути. Извадете го колачот и оставете целосно да се олади. По желба, декорирајте со шлаг, шеќер во прав и сезонско овошје, како малини, капини, јагоди и сл.

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno (2).jpg

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno (1).jpg

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno (3).jpg

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno (4).jpg

Najvkusnata-chokoladna-torta-bez-gram-brashno (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg