„Капрезе кростини“ мини пици – донесете го вкусот на Италија во вашиот дом
-->
Што се кростини? Кростини значи „мали лепчиња“. Овие потпечени или тостирани мали лепчиња се популарно италијанско мезе кое може да го комбинирате практично со сè што ќе ви дојде на памет – кашкавал, овошје, мед, пршута или во нашиот случај – фил кој неодоливо потсетува на пица.
За само 10 минути ќе имате совршено мезе кое во себе го носи мирисот на Италија, лесно, здраво и вкусно.
-->
Потребни состојки:
- 8 парчиња исечкан чијабата леб
- 8 парчиња моцарела
- 1-2 лажици маслиново масло
- ½ шолја доматен сос
- ½ шолја рендан пармезан (или кашкавал по ваш вкус)
- 1 лажица балсамиран оцет
- Сол, лук во прав, свежо сечкан босилек
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190ﹾС. Поставете ги исечканите лепчиња врз хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло од двете страни и зачинете со сол и лук во прав.
- Печете ги лепчињата по 3 минути од двете страни.
- Извадете ги лепчињата и премачкајте ги со доматен сос. Врз секое од лепчињата ставете по 1 парче моцарела и рендан пармезан или кашкавал по вкус.
- Вратете ги лепчињата во рерната и печете дополнителни 4 минути и уште 1-2 минути на највисока температура. Кога кашкавалот целосно ќе биде стопен и заруменет, извадете ги лепчињата. Додадете свежо сечкан босилек и малку балсамико оцет.
- Послужете ги лепчињата додека се топли.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
-->