Вкусно мезе за гледање фудбал: Ролат од багет полнет со пилешко и пармезан

Овој рецепт одлично ќе ви дојде во престојниот период. Станува збор за вкусно јадење што можете да го приготвите за вечера, а можете да го јадете во поопуштена атмосфера, на пример додека гледате фудбал пред телевизор.

vkusno-meze-za-gledanje-fudbal-rolat-od-baget-polnet-so-pileshko-i-parmezan-01.jpg

Можеби ќе ви одземе малку повеќе време, но дефинитивно е мезе за кое нема да се покаете, а гостите ќе бараат уште.

Состојки:

  • 1 француски леб – багет
  • 100g лебни трошки
  • 40g рендан пармезан
  • 100g бело брашно
  • 2 јајца изматени со малку млеко
  • 2 пилешки стека исечени на потенки филети
  • 1L сончогледово масло
  • 4 тенки парчиња моцарела
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • ½ кромид
  • 600g доматно пире
  • Рендана моцарела
  • Босилек

Подготовка:

  • Пуштете ја рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови.
  • Францускиот леб го сечеме на четири делови. Секој од деловите го длабиме со нож и вадиме дел од внатрешноста.
  • Во посебни садови ги ставаме лебните трошки, белото брашно и јајцата. Потоа во лебните трошки додаваме уште 40g пармезан и малку сол и ја мешаме смесата.
  • Парчињата стек ги подготвуваме за пржење на следниот начин: Секое парче прво го валкаме во брашно и протресуваме за да падне вишокот. Потоа го потопуваме во разматените јајца, па на крај во мешавината од лебни трошки и пармезан при што нанесувањето треба да биде еднакво.
  • Стекот го пржиме во добро загреан зејтин околу 3-4 минути, или додека да биде крцкав и целосно испржен.
  • Во меѓувреме во друга тава (со капак) го загреваме маслиновото масло. Додаваме лук, кромид и сос од домати, а потоа зачинуваме по вкус. Го ставаме капакот на тавата и готвиме додека сосот да се изедначи. Доколку сосот е премногу кисел на вкус може да додадете малку шеќер.
  • Парчињата пилешко ги замотуваме во тенки парчиња моцарела и ги вметнуваме во претходно издлабени парчиња леб.
  • Го филуваме лебот со сос од домати и со рендана моцарела.
  • Го ставаме да се пече додека состојките да се стопат, или околу 20 минути.

Деталното упатство погледнете го во приложеното видео:

View this post on Instagram

A post shared by Twisted (@twisted)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg