Чоко пита со лешници – десерт кој „исчезнува“ од чинијата
-->
Кога чоколадото е во комбинација со лешници, јасно ви е дека нешто добро се крчка...
Десертот се подготвува лесно и брзо, но мора да внимавате бидејќи буквално исчезнува од чинијата за неколку минути.
-->
Потребни состојки:
- 300g брашно
- 150g омекнат путер на собна температура
- 4 лажички шеќер и малку сол
- Малку прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 јајце
- ½ l млеко
- 2 кесички пудинг од чоколадо
- 70g црно чоколадо
- 7 лажички шеќер
- 80g путер
- 5 полни лажици лешници
Начин на подготовка:
- Промешајте ги брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, солта, шеќерот, путерот и јајцето и замесете тесто. Замотајте го во пластична фолија и оставете да отстои во фрижидер.
- За тоа време направете го филот. Искршете го чоколадото.
- Загрејте го млекото и во него подгответе ги пудинзите заедно со шеќерот. Додадете го и кршеното чоколадо и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Тргнете од оган.
- Потоа додајте го путерот, добро промешајте и оставете да се излади. Покријте ја смесата со проѕирна фолија, за да не фати кора на површината.
- Лешниците исечкајте ги ситно.
- Тестото поделете го на два дела. Првиот дел растапкајте го на тава обложена со хартија за печење, па по него истурете го филот. Посипете ги лешниците, па внимателно ставете го вториот дел од тестото.
- Може да украсите со уште рендани лежници или чоколадо.
- Печете на 180 степени околу 40 минути.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
-->