Рецепт за домашен сладолед без грам шеќер - 3 вкусови од 4 состојки

За подготовка на овој домашен сладолед нема да ви треба ниту шеќер, ниту млеко, ниту некакви ароми и додатоци за да добиете феноментален вкус.

recept-za-domashen-sladoled-bez-gram-shekjer-3-vkusovi-od-4-sostojki-001.jpg

Ако внимавате на исхраната, сакате да ослабете или едноставно сакате поздрава алтернатива за дечињата, ова е рецептот кој треба да го научите напамет.

Потребни состојки:

  • 3 смрзнати банани
  • 1 мала шолја смрзнати малини
  • 1 мала шолја смрзнати капини
  • 2 лажици какао

*Од овие состојки може да направите 3 различни вкусови.

Подготовка:

  • За првата порција, исечкајте 1 банана во блендер и ставете заедно со шолјата малини да се измиксира неколку секунди, додека да добиете кремаста смеса.
  • Вториот вкус може да го искомбинирате од 1 банана и капините. Постапката е иста.
  • За третиот вкус во бананата додадете само какао и евентуално на крај може да декорирате со црно чоколадо.

Видеото со детална постапка за подготовка погледнете го ТУКА

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg