Вкусна и брза пита од јајца и спанаќ печени во рерна - идеална за појадок и вечера

Комбинацијата од спанаќ и фета сирење ќе ве воодушеви и вас, но и другите членови во семејството – од најмалите до најстарите. Дополнително, одлично е што за подготовка на овој појадок нема да ви биде потребно многу време.

Moze-da-se-podgotvi-i-prethodnata-vecer-vkusen-pojadok-od-jajca-i-spanakj-shto-se-peche-vo-rerna-01.jpg

Одлично е тоа што ова јадење може да се подготви и претходната вечер. Само ќе треба да го прекриете со фолија и да го ставите во ладилник, па следното утро само да го испечете.

Доколку пак, за некое чудо, ви остане од јадењето, можете да го чувате во затворен сад во ладилникот и до четри дена.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло;
  • ½ кромид исечкан на коцкички
  • 1 ½ лажичка сол
  • 200g спанаќ
  • 2 ситно исечкани чешниња лук
  • 2 лажици ситно исечкан свеж копар (по желба)
  • 12 големи јајца
  • 500ml млеко
  • 1 лажичка сенф
  • ¼ лажичка црн бибер
  • 150g издробено фета сирење

Moze-da-se-podgotvi-i-prethodnata-vecer-vkusen-pojadok-od-jajca-i-spanakj-shto-se-peche-vo-rerna-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Ја пуштаме рерната да се загрее на 190 степени Целзиусови. Плехот за печење го премачкуваме со маслиново масло.
  • Во голема тава загреваме масло за пржење на средна топлина. Додаваме кромид, црн бибер и ½ лажичка сол. Запржуваме со повремено мешање, додека кромидот не омекне, или околу 5 минути.
  • Ги додаваме спанаќот и лукот и пржиме уште околу 3 минути.
  • Ги тргаме состојките од оган и го вмешуваме копарот. Ја префрламе добиената смеса во плех за печење и распоредуваме рамномерно.
  • Во поглем сад ги ставаме јајцата, млекото, сенфот, уште една лажичка сол и бибер и мешаме додека да се соединат сите состојки.
  • Добиената смеса ја прелеваме врз првиот слој од спанаќ и кромид. Рамномерно наросуваме од издробеното фета сирење.
  • Го ставаме јадењето да се пече во рерна сè додека не добие убава златно-кафеава боја. Пред да почнете да сечете, добро е да го оставите пет минути да се олади.

Добар апетит!

Moze-da-se-podgotvi-i-prethodnata-vecer-vkusen-pojadok-od-jajca-i-spanakj-shto-se-peche-vo-rerna-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg