Подобро од ресторан – подгответе вкусна паста Пене со колбаси и моцарела
-->
Сите љубители на тестенини дефинитивно ќе му дадат шанса на овој едноставен, но вкусен рецепт.
Вклучува колбаси, моцарела, а тајната на вкусот – е само 1 лажица ајвар:
-->
Потребни состојки:
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- 3 црвени пиперки
- 150 g димени колбаси
- 150 g моцарела
- 500 g тестенини (Пене)
- 3 лажици маслиново масло
- 250 g сечкани домати
- 1 лажица ајвар
- 200 ml бујон
- сол
- пипер
- шеќер
- перца од млад кромид
Начин на подготовка:
- Излупете и исечете ги кромидот и лукот. Исечкајте ги и пиперките како и колбасот на мали парчиња.
- Згответе ги тестенините според упатството на кесичката.
- Загрејте го маслото во тава и почнете со пржење на кромидот и лукот додека не станат стаклести.
- Додадете ги пиперките и динстувајте 3 до 4 минути. Потоа додадете ги колбасите на пржење, но сосема малку додека не пуштат малку арома. Додадете ги исечканите домати и оставете да крчкаат 15 минути. Додадете 1 лажица ајвар и прелијте со бујонот.
- Зачинете со сол и бибер и балансирајте го вкусот со малку шеќер.
- Исцедете ги тестенините. Ставете ги тестенините во тавата со сосот и добро промешајте.
- Додавајте парчиња моцарела директно во тавата додека не се стопат.
- По желба, додадете сечкани, зелени перца од млад кромид.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“
„Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуб...