По рецептот на баба: Вкусни мафини со јагода кои не може да ги промашите
-->
На пазарите и во маркетите веќе може да се најдат јагоди во изобилство. Иако ова пролетно овошје е мошне вкусно и здраво ако го јадете свежо, тоа е совршен додаток за торти, колачи и други десерти.
Овојпат ви претставуваме еден рецепт за брзи мафини со јагоди. Овие мафини се прават брзо и нема да ви одземат многу време, а ги снемува уште побрзо.
-->
Состојки:
- 3 јајца
- 100 g шеќер во прав
- 80 g путер
- 100 g остро брашно
- 200 g јагоди
Начин на подготовка:
- Исчистете ги јагодите од зелените делови, измијте ги убаво и оставете ги да се исцедат.
- Во меѓувреме подгответе го калапот: со четка намачкајте ги калапите со путер или масло за јадење и ставете хартиени корпи за печење внатре.
- Путерот треба да биде на собна температура. Путерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер додека не добиеме мазна и компактна смеса.
- Во оваа смеса полека додаваме по едно јајце и добро матиме со миксер по секое јајце.
- Потоа во готовата смеса, полека го вмешуваме и брашното и на крајот ги додаваме и јагодите и мешаме со шпатула или со лажица.
- Смесата со лажица ја префрламе во хартиените корпи во калапот и мафините ги печеме околу 20 минути на температура од 180 степени Целзиусови.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: deposithotos.com
Би можело да ве интересира:
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
-->
-->