Брзо и вкусно: Грчка „пица“ со пита-лепчиња за гиро

Ова не е пица во традиционална смисла на зборот, но вкусот е одличен и инспириран од состојки типично за грчкото поднебје. Воедно, не мора да се мачите со месење на тесто и да се туфкате дали ќе го погодите или не.

Grcka-pizza-so-pita-lepcinja-za-giro-01.jpg

Како подлога треба да употребите готови пита-лепчиња за гиро… и што уште друго?

Потребни состојки:

  • 4 пита-лепчиња за гиро (замрзнати, готови)
  • 3 лажици доматна паста
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • 10 „каламата“ маслинки, исчистени од семки, исечени на половина
  • 1 половина црвен кромид, ситно исечкан
  • 1 црвена пиперка, исечкана
  • 100 g фета сирење (издробено со виљушка)
  • Црн бибер, оригано (по желба)
  • Сечкан магдонос и малку цеден лимон

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 230°C. Во подлабок сад измешајте ја пастата од домати, маслиновото масло, сечканиот лук, биберот и ориганото. Премачкајте го секое лепче со оваа смеса.
  • Наредете ги сечканата црвена пипер, кромидот и маслинките врз лепчињата. Врз секое лепче ставете од фета сирењето.
  • Ставете ги во рерната да се печат околу 10 минути.
  • По вадењето (по желба) наросете свежо исечкан магдонос и пропрскајте сок од свежо исцеден лимон.

Grcka-pizza-so-pita-lepcinja-za-giro (3).jpg

Grcka-pizza-so-pita-lepcinja-za-giro (2).jpg

Grcka-pizza-so-pita-lepcinja-za-giro (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg