Витаминско-протеинска бомба: Пилешка салата со киноа и цитрусен шмек

Пролетта е одличен период за детоксикација на организмот. Заборавете на тешката и мрсна храна којашто ја консумиравме во текот на постудените месеци.

Vitaminsko-proteinska-bomba-pileska-salata-01.jpg

Време е за полесна храна која ќе делува благотворно на организмот. Подгответе вкусна салата која е вистинска витаминско-протеинска бомба.

Потребни состојки:

  • 1 + ½ шолја зготвена киноа (подготвена според упатството на ќесичката)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 450g пилешки гради исечкани на мали коцки
  • 2 чешниња лукче, ситно исечкано
  • ½ лажичка димена црвена пиперка
  • ½ лажичка сол
  • 2 големи портокали, исечкани на парчиња
  • 1 зрело авокадо, исечкано на парчиња

За прелив на салатата:

  • ¼ шолја свежо исцеден сок од лимета
  • 1/3 шолја свеж коријандер
  • 1 лажица сок од портокал
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

  • На средна температура почнете со готвење на пилешкото месо на малку маслиново масло додека не порумени.
  • Додадете го лукот, а потоа и зачините – димената црвена пиперка и солта. Мешајте и оставете целосно да се зготви, околу 8 минути.
  • Зготвеното пилешко месо, сечканите портокали како и авокадото додадете ги на зготвената киноа и добро промешајте.
  • Измешајте ги добро сите наведени состојки за преливот на салатата. Истурете го врз подготвената салата и добро измешајте.

Дополнителни совети:

  • Салатата може да стои во фрижидер 4-5 дена.
  • Салатата има дури и поубав вкус после 2 дена, откако состојките добро ќе се измешаат, а вкусовите ќе се впијат.
  • Доколку не сте љубител или не можете да најдете свеж коријандер, може да го замените со свежо сечкан босилек или магдонос.

Vitaminsko-proteinska-bomba-pileska-salata (1).jpg

Vitaminsko-proteinska-bomba-pileska-salata (2).jpg

Vitaminsko-proteinska-bomba-pileska-salata (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Портокалопита - грчки десерт за сечиј вкус Еден од најубавите грчки колачи, кои секогаш потсетуваат на летување и море е ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg