Засладете срце и душа – Посни, вкусни и здрави колачи од само 4 состојки
-->
Доколку постите, а душата ви бара нешто слатко, имаме одличен рецепт за вас. Но, дури и да не постите, ќе посакате да ги направите овие брзи, слатки плочки од само 4 состојки.
Без печење, а сè се меша во еден сад… ммм, време е за нешто слатко.
-->
Потребни состојки:
- 100 g какао
- 60 g путер од бадеми
- 30 ml растопено кокосово масло
- 90 ml мед
- Прстофат морска сол
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад просејте го какаото низ цедалка, додадете го путерот од бадеми, стопеното кокосово масло, медот и солта. Нежно промешајте со лажица додека состојките не се соединат во густа смеса.
- Смесата префрлете ја во тавче врз хартија за печење.
- Врз неа ставете уште едно парче хартија за печење и со помош на сукало поминувајќи врз хартијата развлечете ја смесата со дебелина од околу 1 cm. Обликувајте ја смесата како квадрат или правоаголник.
- Префрлете го тавчето во замрзнувачот да се стегне околу 20 до 30 минути.
- Пред послужување, исечете на квадрати и посипете ги со малку какао во прав со цел да спречите лепење.
- Слатките колачиња може да ги чувате во фрижидерот од 1-2 недели или во замрзнувач околу 1 месец.
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
-->