Рецепт за марокански палачинки кои се печат само еднострано

Прелесни се за подготовка, а со вистинска леснотија и исчезнуваат од чинијата.

recept-za-marokanski-palacinki-koi-se-pecat-samo-ednostrano-2.jpg

Најчесто се служат со путер и мед, прелиени додека се топли, но нема да погрешите и со некој намаз или крем.

Потребни состојки:

  • 250g пченичен гриз
  • 40g брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 1 прстофат сол
  • 500ml топла вода
  • 1 кесичка прашок за печиво

Подготовка:

  • Во блендер ставете го гризот заедно со брашното, шеќерот, солта и квасецот. Додајте топла вода и измиксирајте.
  • Додадете го прашокот за печиво на крај и мешајте уште неколку секунди.
  • Тестото пресипете го во пластичен сад и оставете го да мирува 30 минути.
  • Намачкајте го тавчето со путер или зејтин и добро загрејте. Ставајте вообичаена количина од тестото, но разликата е тоа што палачинките се печат само од едната страна, додека од горната се формираат меурчиња.
  • Печете минута до две, додека тестото не се засуши.
  • За најдобар вкус, палачинките редете ги една до друга, не една над друга како вообичаено.

recept-za-marokanski-palacinki-koi-se-pecat-samo-ednostrano-1.jpg

recept-za-marokanski-palacinki-koi-se-pecat-samo-ednostrano-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg