Без печење: Неодоливо вкусни бисквит коцки со банана – нема да сопрете на само една
Одлична комбинација на банана, плазма бисквити и чоколадо. Меки, кремасти, вкусни коцки кои се подготвуваат лесно и брзо.
Предизвикот е само да запрете откако ќе изедете една… ќе успеете ли?
Потребни состојки:
За подлогата
- 300 gr бисквити (250 g мелени + 50 g издробени)
- 2 лажици шеќер во прав
- 150 ml сок од портокал
- 80 g омекнат путер
Добро соединете ги сите состојки. Смесата распоредете ја во калап со димензии 30×20 cm, но доколку немате слободно може да ја натапкате и во калап со помала димензија (коцките ќе бидат малку повисоки).
За кремот
- 300 g мелени бисквити
- 140 g шеќер во прав
- 1-2 банани со средна големина
- 400 g павлака со висока масленост
- 200 ml слатка павлака
Изматете ги двете видови на павлака. Останатите состојки изматете ги во посебен сад, а потоа соединете ја оваа смеса со онаа од павлаката. Рамномерно нанесете ја смесата врз тврдата подлога.
За преливот
- 200 ml слатка павлака
- 150 g млечна чоколада
Загрејте ја павлаката на тивок оган. Пред да започне да врие тргнете ја од ринглата и додадете ја чоколадата во неа. Мешајте додека чоколадата целосно не се стопи. Преливот нанесете го врз колачот и оставете добро да се стегне и да се олади пред да го исечете на коцки.
(О)Милена | Црнобело