Брзо и лесно: 5 запечени тортиљи со 4 различни вкусови по ваш избор

Дали сте од оние кои тортиљата ја виткаат како стандардна палачинка, односно во облик на бурито? Време е да го смените начинот на преклопување на тортиљата бидејќи можностите за нови вкусови се практично неограничени.

5-zapecheni-tortilji-01.jpg

Воедно, додека ја јадете тортиљата преклопена на ваков начин ќе направите многу помалку неред, а шансите да си ја уништите омилените маичка се речиси непостоечки.

За почеток, направете едноставен засек на обележаното место (помеѓу 1 и 4) и на секое парче ставете различни додатоци. Превиткувањето понатаму е лесно – делчето со број 1 оди кон делот 2, па 2 во 3 и 3 во 4. И толку!

Потоа само ја потпекувате на малку масло или путер во тавче, додека вкусовите не се соединат, а кашкавалот не се растопи.

5-zapecheni-tortilji (5).jpg

5-zapecheni-tortilji (3).jpg

5-zapecheni-tortilji (11).jpg

5-zapecheni-tortilji (12).jpg

За вас имаме 5 одлични комбинации, а тортиљите се евтини, лесно достапни и многу вкусни:

Прва комбинација:

  • 1 – тенко исечени парчиња авокадо (или пак во облик на гвакамоле, т.е. згмечено)
  • 2 – крцкава сланина
  • 3 – кајгана
  • 4 – рендан чедар (или друг рендан кашкавал по избор)

5-zapecheni-tortilji (4).jpg

Комбинација 2 

  • 1 – доматен сос
  • 2 – рендана моцарела
  • 3 – печурки, пиперка, кулен, итн. (додатоци по желба)
  • 4 – рендана моцарела

5-zapecheni-tortilji (1).jpg

Комбинација 3 

  • 1 – песто
  • 2 – спанаќ и сечкан црвен кромид
  • 3 – шунка од мисирка (или свинска/пилешка, по избор)
  • 4 – парчиња кашкавал по избор

5-zapecheni-tortilji (6).jpg

Комбинација 4

  • 1 – кисела павлака
  • 2 – сечкан патлиџан + марула
  • 3 – стопен капкавал, мелено месо во црвен сос и пченкарен чипс
  • 4 – рендан кашкавал по избор

5-zapecheni-tortilji (10).jpg

Бонус: слатка тортиља

  • 1 – Нутела (или друг чоколаден крем)
  • 2 – јагоди (или друго овошје по желба)
  • 3 – Нутела (или друг крем, на ова парче може да има и бел крем)
  • 4 – Шеќер со цимет

5-zapecheni-tortilji (9).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg