Протеинско, чоколадно трилече – вистинско уживање со малку калории
-->
Здодеано ви е оригиналното трилече и во потрага сте по рецепт со повеќе чоколадо, а помалку калории? Ова протеинско чоколадно трилече со сигурност ќе ви стане новиот, омилен десерт.
Едно парче содржи само 116 калории, 9 gr јаглени хидрати, дури 12 gr протеини и само 4 gr масти, но секако калориите варираат зависно од точните намирници кои ќе ги користите.
-->
Колачот се подготвува за само 20 минути, вклучително со печењето.
Потребни состојки (за 12 парчиња):
- 4 јајца
- 70 g шеќер по желба (може и бел, рафиниран шеќер, но за поздрава варијанта одберете кафеав или кокосов)
- 60 g оризово брашно
- 60 g протеин од сурутка (како замена може да употребите пченичен гриз)
- 1 лажица какао
- Половина ќесичка прашок за печиво
- 1 лажичка екстракт од ванила
За прелив:
- 500 ml протеински чоколаден напиток (или чоколадно млеко)
- 70 g темно чоколадо
- 80 ml млеко (обично или чоколадно)
Начин на подготовка:
- Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги пенесто белките со прстофат сол. Додавајте шеќер во оваа смеса, малку по малку, и матете.
- Потоа додавајте ги жолчките, исто така една по една. Додадете го екстрактот од ванила, додека постојано матите со миксерот или рачната маталка.
- Во друг сад помешајте го брашното, протеинот од сурутка, какаото и прашокот за печиво. Сите суви состојки добро измешајте ги и додадете ги во течната смеса, малку по малку, со непрестајно мешање со миксерот.
- Излијте ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 250°C од 10-15 минути, во зависност од јачината на рерната.
- Кога смесата ќе биде печена извадете ја од плехот и со помош на виљушка избоцкајте ја кората. Во плехот истурете 200 ml чоколадно млеко и вратете ја кората во плехот, но наопаку, така што „избоцканата“ страна биде во млекото.
- Повторно избоцкајте ја кората сега одозгора со виљушка и прелијте ја со останатиот дел од млекото.
- Стопете го чоколадото со обичното млеко на пареа и прелијте го колачот. Доколку сакате дополнително да го украсите, стопете малку бело чоколадо и декорирајте го вашето чоко-трилече.
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
-->