Ручек од 25 калории готов за неколку минути
-->
Се работи за неверојатно флексибилен зеленчук кој е замена за бројни калорични состојки во кујната.
Освен во салати и прженици, карфиолот може да се претвори во многу необични рецепти – од пире, тесто за пица, до кремаст сос за макарони.
-->
Но овојпат, ви предлагаме да го направите во облик на ориз – за ручек кој содржи само 25 калории, наместо 130 калории како обичниот бел ориз.
Подготовка:
- Една главица карфиол добро измијте ја и исушете, тргнете ги листовите и исечете ги сите нечисти делови.
- Насечкајте го карфиолот на помали гранчиња, па ставете ги во сецко за зеленчук или блендер. Кратко блендајте додека не добиете парчиња со големина на ориз.
- Префрлете го иситнетиот карфиол во облик на ориз во една чиста крпа и истиснете го вишокот вода.
- Префрлете во тенџере, кратко проварете и послужете како прилог.
Нискокалоричниот ориз може да се послужи со свеж или замрзнат зеленчук, со месо, салата или сосови по желба (секако зависно од додатоците, калориите се зголемуваат).
-->
-->
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук
Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...
Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос
Направете ја оваа безглутенска пица од ориз со пилешко месо уште викендов, ќе ѝ ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
-->