Освежителна пилешка салата со младо кромитче и бадеми

Исклучително вкусна и здрава, оваа крем салата може да ја послужите самостојно, како предјадење, главно јадење или како одличен додаток во вашиот омилен сендвич.

Osvezitelna-pileska-salata-01.jpg

Воедно, салатата е безглутенска па може одлични да им послужи на сите оние кои се нетолерантни на глутен.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња зготвени пилешки гради (на пареа, печени или сварени)
  • 1/2 исечкан кромид со средна големина
  • 1 страк сечкано младо кромитче
  • 1 помал рендан морков
  • 1 рака сушени брусници
  • 2 лажици свежо исечкан магдонос
  • 1 рака сечкани несолени бадеми

За преливот:

  • 180g мајонез
  • 3 лажици грчки јогурт (или павлака, по желба)
  • 3 лажици бел вински или јаболков оцет
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад ставете ги сите горенаведени состојки, освен пилешкото месо. Додадете ја мешавината од преливот и добро измешајте.
  • Додадете 3 лажици оцет и повторно промешајте добро.
  • Додадете го сечканото пилешко месо, ставете сол и бибер по вкус и уште еднаш измешајте добро. Доколку сакате посочна салата, слободно може да додадете уште некоја лажица од грчкиот јогурт или мајонезот.
  • Украсете со младо кромитче и бадеми.

Osvezitelna-pileska-salata (3).jpg

Osvezitelna-pileska-salata (1).jpg

Osvezitelna-pileska-salata (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg