Најпопуларниот десерт на Пинтерест – Топол млечен колач
-->
Топлиот млечен колач во последниве неколку недели на Pinterest бил пребаруван и сочуван 70.000 пати. Што е толку посебно кај него?
Топлиот млечен колач е супер лесен за правење, без да извалкате многу садови и без да купувате скапи состојки.
-->
Поради едноставноста може да се пече во секаков облик и да се украсува по желба.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 2 шолји шеќер
- 1 лажичка ванила
- 270g брашно
- 2 ¼ лажичка прашок за печиво
- 200ml млеко
- 150g путер
Подготовка:
- Најпрво изматете ги јајцата во посебен сад, па додадете ги шеќерот, ванилата, брашното и прашокот за печиво. Мешајте додека не добиете кремаста смеса.
- Во посебен сад загрејте го млекото со путерот со постојано мешање, додека не се соединат.
- Додадете го млекото со путер во смесата со брашно. Измиксирајте неколку минути.
- Прелијте го тестото во калап за печење. Печете на 175 степени 30-35 минути.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->