Подготвуваме: 3 видови на празнични колачиња - нека замириса целиот дом
-->
Магијата на празниците која нè исполнува во новогодишниот период не може да се замисли без домашни специјалитети и драгоцени моменти кои ги делиме со најблиските, уживајќи во подготовки на празничните рецепти.
Посебно место на свечената трпеза им припаѓа на колачите, а во нивната подготовка секогаш со задоволство учествуваат и најмалите.
-->
Fresh Fine Divine ве инспирира да подготвите лесни и брзи рецепти за магични денови.
1. Новогодишни колачиња
Потребни состојки:
- 150g путер
- 100g шеќер
- 300g брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- ½ лажица цимет
- 2 лажици какао
- 4 лажици мед
Состојки за кралска глазура за украсување:
- 140-180g шеќер во прав
- 1 белка од јајце
- 4-5 капки сок од лимон
Начин на подготовка:
- Се мати путерот со шеќерот додека се добие пенеста структура и се додаваат сите останати состојки, потоа се замесува тесто кое се остава на работната површина да отстои 10 минути и се развлекува кора од која се прават посакуваните форми.
- Се печат на 180 степени 10 минути.
- За глазурата се мати кратко белката и се додава шеќер во прав. Кога ќе се добие густа смеса се додаваат сокот од лимон и се украсуват колачињата по желба.
2. Ѓумбир колачиња (Gingerbread)
Потребни состојки:
- 500g брашно
- 90g кафеав шеќер
- 1 лажица цимет
- 1 лажица ѓумбир
- 1 лажица прашок за печиво
- 3 лажици мед
- 1 јајце
- 2 лажици млеко
- 150g путер
Состојки за кралска глазура:
- 140-180g шеќер во прав
- 1 белка од јајце
- 4-5 капки сок од лимон
Начин на подготовка:
- Се меша брашното со сите зачини и суви состојки, а потоа се додава путерот, јајцето, медот и млекото и се замесува тесто.
- Се става во фрижидер 1 час, а потоа се расукува кора и со калапи се вадат форми, кои се печат на 180 степени 10-15 минути.
3. Путер колачи со џем од јагода и бадем
Потребни состојки:
- 125g путер
- 70g шеќер
- 185g брашно
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 50g ситно сечкан бадем
- 2 лажици џем од јагоди
Начин на подготовка:
- Убаво се мати путерот и се додава шеќерот, јајцата, ванилата и на крај брашното.
- Се меси средно меко тесто и се става во фрижидер да отстои 30 минути.
- Кога ќе помине потребното време, се зема тестото и се прават бомбици по 25g и секоја се валка во ситно сечканиот бадем.
- На секоја бомбица се прави мала вдлабнатина во средина и се става по малку од џемот од јагоди.
- Се печат 10 минути на 180 степени.
-->
-->
Е. П. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...