Новогодишни ванилици – слатки колачиња по бабин рецепт од кој сите ќе посакаат парче повеќе
-->
Сосема малку модифицирани, но добро познати ванилици од времето на нашите баби, декорирани во „новогодишно руво“.
Ќе ги обожаваат апсолутно сите овие слатки колачиња од нашето детство. Не очекувајте премногу долго да се задржат во кутијата или чинијата.
-->
Потребни состојки:
- 125 gr маргарин
- 125 gr свинска маст (доколку не го преферирате вкусот на свинска маст, слободно ставете 250 gr маргарин)
- 3 жолчки
- 120 gr шеќер во прав
- Кора од лимон
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 500 gr брашно
- 2 лажици прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Маргаринот, свинската маст и јајцата мора да бидат на собна температура.
- Изматете го маргаринот и свинската маст пенесто заедно со ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Додавајте ги жолчките, една по една, како и кората од лимон. На крајот додадете го просеаното брашно и прашокот за печиво.
- Добро изработете го тестото со рацете. Доколку е лепливо, слободно додадете уште некоја лажица брашно повеќе. Тестото префрлете го во чиста ќеса, па оставете го да „одмори“ во фрижидерот, најмалку 2 часа.
- Расукајте тенка кора со дебелина од 0,5 cm. Со модли за колачи извадете ги саканите форми и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење.
- Печете ги во загреана рерна на 170°C сосема малку, додека не поруменат.
- Кога добро ќе се оладат колачињата, залепете ги формите со малку џем или мармалад, најдобро во црвена боја поради празничниот изглед. Посипете ги со шеќер во прав и – уживајте.
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...