Мафини декорирани како мали, новогодишни елки
-->
Овие неодоливо слатки мафини ќе станат задолжителен дел од вашето празнично мени.
Децата ќе ги обожаваат, но нема да им одолеат ниту постарите. Вкусот е неодолив и чоколаден, а за изгледот доволно зборуваат сликите.
-->
Потребни состојки:
За тесто:
- 200 g темно чоколадо
- 150 g шеќер
- 100 g путер
- 100 g брашно
- 3 јајца
- 1 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
- 25 g мелени бадеми
За декорација:
- 500 g маскарпоне
- 100 g шеќер во прав
- Зелена боја за колачи
- Трошки во различни бои
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад стопете го путерот и чоколадото. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и промешајте.
- Почнете да ги додавате јајцата едно по едно и добро матете.
- Додадете го полека брашното коешто сте го просеале заедно со прашокот за печиво и мелените бадеми.
- Измешајте ја добро смесата и наполнете го калапот за мафини или пак индивидуални корпи за оваа намена.
- Печете во загреана рерна на 180° околу 20 минути. Откако ќе се испечат мафините, оставете ги добро да се оладат.
- Во посебен сад помешајте го маскарпонето заедно со шеќерот во прав и додадете зелена боја за готвење. Добро измешајте.
- Со готварски шприц декорирајте ги мафините со кремот обликувајќи мали елки врз нив.
- Посипете ги со декоративни трошки во различни бои.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
-->