Рецепт за слатки топчиња кои кријат новогодишни бои

Бомбиците во новогодишни бои се прават лесно, без печење, а се јадат со уште поголема леснотија.

recept-za-slatki-bombici-koi-krijat-novogodisni-boi-01.jpgфото: omgchocolatedesserts.com

Може да го означите почетокот на празниците токму со нивниот сладок вкус и новогодишните бои кои се откриваат кога ќе ги гризнете на половина.

Потребни состојки за подготовка на овие бомбици:

  • 350g бело чоколадо исечкано на мали парченца
  • 5 лажици несолен путер
  • 3 лажици слатка павлака за готвење
  • 1/3 шолја суви, ситно исечкани брусници
  • 1/3 шолја ситно исечкани ф’стаци
  • ½ шолја шеќер во прав

Подоготвка:

  • Најпрво, стопете го путерот на тивок оган, па додадете ја слатката павлака и мешајте додека не се соединат.
  • Полека истурајте го ситно сечканото чоколадо, мешајќи додека комплетно не се истопи. Но, никако не го враќајте садот на оган.
  • На крај додадете ги ситно сечканите брусници и ф’стаци, па оставете смесата да се олади на собна температура 1 час. Најдобро е да го покриете садот со пластична фолија. Потоа ставете во фрижидер 2-3 часа.
  • Кога смесата ќе се стврдне, вадете топчиња со лажица и валкајте ги во шеќер во прав.
  • Вака подготвените топчиња може да стојат до 7 дена или подолго, доколку ги замрзнете.

recept-za-slatki-bombici-koi-krijat-novogodisni-boi-03.jpgфото: omgchocolatedesserts.com

recept-za-slatki-bombici-koi-krijat-novogodisni-boi-02.jpgфото: omgchocolatedesserts.com

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg