Мирисот на есен и зима: Домашна торта од костени

Ако нешто асоцира на есен и рана зима, тоа е дефинитивно мирисот на костени во домот. Кога ќе прошетате по улиците и ќе ги намирисате печените костени на уличните продавачи, секогаш е тешко да останете рамнодушни.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-01.jpg

Ве инспирираме да направите торта од костени по рецепт на Славица која може да ја следите на Инстаграм.  

Потребни состојки:

За 3 пандишпани:

  • 9 јајца
  • 9 лажици кафеав шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 4.5 лажици какао
  • 1.5 лажички прашок за печиво

За фил:

  • 500g костени и 200 ml млеко за пире од костен (во постапката е процедурата за правење пире од костен)
  • 500ml слатка павлака
  • 50g шлаг
  • 40g црно чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица рум

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-02.jpg

Подготовка:

  • За пирето од костен: На 350g костени излупете им ја тврдата лушпа и ставете ги да се вараат 10-15 минути. Потоа исчистете им ја меката лушпа и ставете ги во 200ml млеко да се варат. Кога костенот ќе биде доволно мек се миксираaт и така добиваме пире од костен.
  • За пандишпанот: Добро се матат јајцата со шеќерот па се додава просеаното какао, брашното и прашокот за печиво.
  • Се прават три вакви пандишпани кои се печат на 180 степени околу 10 минути во калап бр.24.
  • Додека да се оладат пандишпаните, се подготвува филот.
  • За филот: Цврсто се мати слатката павлака па се додава шлагот за да се фиксира.
  • Потоа се додава пирето од костен, ванилиниот шеќер, румот и ренданата чоколада.
  • Филот се дели на три дела и секој пандишпан се филува.
  • На крај, декорирано со слатко од костени или нешто по ваш вкус.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-04.png

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg