Празничен рецепт за цело семејство – американски палачинки во форма на елка
-->
Не ви требаат некои посебни вештини во кујна за да направите забавен празничен оброк во кој ќе ужива целото семејство.
Оваа сезона на Инстаграм сè почесто се појавуваат фотки со палачинки што наликуваат на новогодишна елка, кои сега можете да ги направите и вие.
-->
За овој весел оброк ви треба само добра тава за палачинки, неколку едноставни состојки и малку креативност.
Единствено треба да внимавате на големината на палачинките – за да изгледаат како елка, ќе треба да ги направите во разни димензии.
Потребни состојки:
- 100g спанаќ
- 140g брашно
- 1 лажица прашок за печиво
- 1 јајце
- 200ml млеко
- Прстофат сол
- Прстофат мускатно оревче
Начин на подготовка
- Измијте го спанаќот и ставете го во блендер заедно со млекото, солта, мускатно оревче и јајцето. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
- На тавата ставете неколку капки масло и ставете од смесата. Печете ги палачинките по неколку минути на секоја страна, додека не добијат златна нијанса. Секоја палачинка правете ја со различна големина соодветно за формирање елка.
- На крај, наредете ги палачинките една врз друга по големина, така што најголемата ќе биде на дното, а најмалата на врвот.
- За оброкот да изгледа уште поинтересно, можете да ја украсите „елката“ со овошје, чоколадо или што било што имате при рака.
Неколку предлози за украсување:
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена)
Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус.
Еден од триков...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните
Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...