Најбараниот рецепт за чоколадна торта - се подготвува за 15 минути
-->
Чоколадната торта е секогаш одличен избор – било за обично неделно попладне или кога сакате да си прославите нешто со блиските. Ретко кој може да одолее и би рекол „Не“ на ова слатко задоволство.
Ова е рецепт за наједноставна чоколадна торта, еден од најбараните и споделуваните на интернет.
-->
За подготовка ви се потребни 15-тина минути и неколку едноставни состојки, а се пече уште 30-тина минути. Резултатот е мека, сочна торта, полна со чоколадо.
Потребни состојки:
- 200g чоколадо за готвење
- 80g путер
- 4 јајца
- Прстофат сол
- 50g шеќер
- Изрендана кора од портокал
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Подгответе го плехот и премачкајте го со путер.
- Путерот и чоколадото оставете ги да се стопат на пареа (во сув сад, над сад со топла вода) од 2 до 4 минути и мешајте додека не се стопат и соединат. Имајте на ум дека садот со водата не смее да е жежок, водата не треба да врие и водата не смее да го допира дното на садот во кој го топите чоколадото.
- Одвојте ги белките од жолчките.
- Во стопената смеса од чоколадо додадете шеќер и помешајте.. Потоа мешајте ги во смесата жолчките една по една и изренданата кора од портокал.
- На страна помешајте ги белките со прстофат сол.
- Една третина од белките нежно и полека замешајте ги во смесата со чоколадо, па полека додавајте го остатокот од белките.
- Готовата смеса на крајот истурете ја во плехот кој го премачкавте со путер.
- Печете 25-30 минути.
Декорирајте по желба со свежо овошје, шлаг, сладолед, шеќер во прав...
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
-->
-->