Одличен есенски десерт - вкусни колачиња од тиква
-->
Славица е љубител на убава храна и готвење, а нејзините вкусни рецепти може да ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил @fresh_fine_divine. Со нас сподели рецепт за вкусни колачиња од тиква.
Боите на есента често ја разгалуваат душата... Најавуваат нова сезона полна со различни вкусови.
-->
Шетајќи по зелениот пазар, наидов на тезга, на која примамливо беа наредени дел од плодовите на есента. Веднаш знаев дека за денес ќе подготвам колачиња од тиква.
За овој рецепт ни се потребни:
- 1 шолја пире од тиква (тиквата се вари и се пасира)
- 2.5 шолји овесни снегулки
- 50г сецкани ореви
- 1/2 лажичка цимет
- 1/1 лажичка мускатно оревче
- 2 лажици мед
Подготовка:
- Сите состојки измешајте ги така што ќе формирате хомогена смеса спремна за обликување.
- На тавче обложено со мрсна хартија ги редите претходно формираните топчиња. Потоа налегнете ги со рацете да добиете форма на колаче.
- Печете на 180 степени околу 15 минути.
Се надевамe дека ве инспириравме да влезете во кујна и да направите магија за вас и вашите блиски.
Би можело да ве интересира:
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за крем-супа од тиква – идеална за да ве стопли во есенските денови
Знаете ли како се подготвува крем-супа со тиква? Потребни ви се само неколку сос...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат?
Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска ужи...
-->
-->