Како да го подготвите филот кој е основа на сите вкусни, кремасти колачиња?

Овој рецепт е основата со чија помош ќе подготвите превкусни полнети колачиња – од крофни, до еклери и торти.

kako-da-go-podgotvite-filot-koj-e-osnova-na-site-vkusni-kremasti-kolacinja-1.jpg

Кремот се прави од жолчки и млеко, па може лесно да го комбинирате со други состојки како ореви, јатки, овошно пире, парчиња овошје, кафе, чоколадо или карамела...

Со него ќе ги наполните највкусните обични или принцес крофни, еклери, колачи и разни торти.

kako-da-go-podgotvite-filot-koj-e-osnova-na-site-vkusni-kremasti-kolacinja-2.jpg

Потребни состојки:

  • 4 жолчки
  • 120g шеќер
  • 500ml млеко
  • 60g густин
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

  • Во сад ставете 400ml млеко на оган.
  • Во меѓувреме со миксер или жица изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете го густинот заедно со преостанатите 100ml млеко.
  • Кога млекото на оган ќе зоврие, претурете го во садот со изматените жолчки. Матете неколку минути, па вратете на оган, да се згусне.
  • Тргнете од оган и оставее да се олади. Откако ќе се олади, изматете го повторно со миксер неколку минути.
  • Препорачуваме и да додадете малку изматена слатка павлака, ако сакате повоздушеста текстура, како пена.

kako-da-go-podgotvite-filot-koj-e-osnova-na-site-vkusni-kremasti-kolacinja-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg