Тајна на австралиски готвач: Како да направите совршен, крцкав помфрит без пржење?
-->
Постои начин како крцкавиот помфрит да биде и здрав и вкусен. Популарниот австралиски млад готвач, Морган Хипворт, со своите 19 години води ресторан во Мелбурн.
Морган важи за еден од најпотенцијалните млади готвачи во светот, а снимката во која открива како да направите совршен крцкав, а здрав помфрит, ја прегледале речиси 5 милиони луѓе.
-->
@morganhipworth you can’t beat french fries, what should I make next? ? ##foryou ##cooking ##food ##yum
♬ original sound - Morgan Hipworth
Помфритот без пржење, а подеднакво крцкав и вкусен, можете да го постигнете со овој метод:
Потребни состојки:
- компири (ако најдете, најдобро би било со црвена лушпа)
- сол
- маслиново масло
- зачини по избор
Начин на подготовка:
- Компирчињата пресечете ги во форма на помфрит, ставете ги во тенџере со ладна вода, посолете ги и оставете ги да отстојат неколку минути.
- Загрејте го тенџерето до вриење на водата и оставете да врие 2 минути.
- Исцедете го помфритот и ставете го во сад за печење, па додадете сол, масло и зачини по избор.
- Печете 25 минути на 200 степени Целзиусови.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед
Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
-->
-->