Крцкави однадвор, меки однатре: Направете си домашни шеќерни крофнички

Мини топчиња меки како душа, извалкани во шеќер, идеални за студените, есенски денови.

krckavi-odnadvor-meki-odnatre-napravete-si-domashni-shekjerni-krofnichki-01.jpg

Иако можеби мини крофните за многумина се асоцијација на лето и плажа, сепак ние ви го препорачуваме и за оваа сезона.

Направете си брзо и лесно мини крофнички, извалкајте ги во шеќер, а по желба, може да ги јадете со чоколаден крем или џем.

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 200ml топла вода
  • 100g шеќер
  • 50g путер, на собна температура
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 лажички сув квасц
  • ½ лажичка сол
  • Шеќер за увалкување

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги брашното, солта, сувиот квасец, шеќерот.
  • Додадете ги топлата вода, екстрактот од ванила и повторно измешајте.
  • Потоа додадете го путерот и добро измешајте ја смесата.
  • Покријте со капат и оставете тестото да се подигне, 1 час.
  • Од тестото одвојувајте по малку и формирајте мали топчиња кои ќе ги оставите и покриете со крпа 20 минути.
  • Потоа пржете ги топчињата во голема количина врел зејтин.
  • Пред сервирање, извалкајте ги во шеќер.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg