Кога есента би имала вкус - Палачинки со јаболка, мед и цимет

Палачинките се омилениот појадок или десерт кога не знаете што вкусно, лесно и благо сакате да јадете, а кога ќе ги искомбинирате со јаболка, шеќер и цимет, го добивате вкусот на есента.

koga-esenta-bi-imala-vkus-palacinki-so-jabolka-sheker-i-cimet-001.jpg

Потребни ви се 20-тина минути и следниве состојки и чекори:

Палачинките направете по овој совршен РЕЦЕПТ кој никогаш не можете да го промашите.

За подготовка на јаболката ви треба:

  • 3 јаболка, излупени и исечкани на коцки
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици млеко
  • Неколку капки лимон
  • ½ лажичка нишесте
  • 1-2 лажички цимет

За подготовка на преливот од цимет ви треба:

  • 2 лажички цимет
  • 2-3 лажици мед

Постапката е следната:

  • Откако ќе ги направите палачинките по овој совршен РЕЦЕПТ, покријте ги со крпа.
  • Јаболката ставете ги во тавче, заедно со сите состојки одеднаш и варете околу 5-7 минути. Ако сакате јаболката да се помеки, ставете капак врз тавчето.
  • Палачинките полнете ги со филот од јаболка и замотајте ги како и обично.
  • На крај, помешајте го медот со циметот и прелијте ги палачинките.
  • Може да додадете мелени ореви или јаткасто овошје по желба.

koga-esenta-bi-imala-vkus-palacinki-so-jabolka-sheker-i-cimet-3.jpg

koga-esenta-bi-imala-vkus-palacinki-so-jabolka-sheker-i-cimet-1.jpg

koga-esenta-bi-imala-vkus-palacinki-so-jabolka-sheker-i-cimet-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg