Комбинација од здравје и вкус
Во време кога здравиот начин на исхрана е приоритет, интегралните лебови се сметаат за далеку подобар избор бидејќи истите претставуваат извор на витамини, минерали, растителни влакна и се направени со цели зрна жито, а нивната текстура е позбиена.
Следејќи ги светските трендови и со цел да ги задоволи барањата за здрава и избалансирана исхрана, нашиот лидер во пекарската индустрија Жито Лукс на пазарот пласираше нова категорија специјални интегрални супер лебови. Оваа категорија содржи три вида леб и тоа: Интегрален леб со семки – чија и тиква, Интегрален леб со житарки – овес и спелта и Интегрален леб со зрна – хељда и амарант.
Вкусната и здрава храна кога е во комбинација со уште повкусно парче интегрален леб може да биде многу нутритивна. Намазите од зеленчук совршено се комбинираат со ваквите интегрални парчиња леб и претставуваат комбинација на здравје и вкус. Еве неколку примери како совршено да го искомбинирате вашиот интегрален супер леб.
Намаз од авокадо
Комбинацијата од интегрален супер леб и намаз од авокадо не е само што е совршен пар поради вкусот кој го дава, туку и затоа што маснотиите од авокадото ја забавуваат стапката со која јаглехидратите се разложуваат, а потоа апсорбираат и претвораат во шеќер. Намазот од авокадо е супер лесен за подготовка. Ставете авокадо во блендер, додадете бибер, сол и сок од лимон и изблендирајте. И вашиот намаз е подготвен со него да го премачкате парчето супер леб.
Намаз од тиквичка и модар патлиџан
Намазот базиран на тиквичка и модар патлиџан содржи малку калории, а е богат со растителни влакна, што го прави идеален за сите оние кои сакаат да ја намалат телесната тежина, холестеролот, покачениот крвен притисок и да го подобрат варењето на храната. Ваквиот намаз е идеален кога е во комбинација со интегрално парче леб. За негова подготовка се потребни:
- 1 модар патлиџан
- 1 тиквичка
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 2 црвени пиперки
- 2 домати
- 2 чешниња лук
- ½ лажиче мајчина душичка
- малку мајоран
- сол и масло по потреба
Исечкајте го зеленчукот на помали парчиња и ставете го во тава. Додадете ги зачините и печете во рерна 1 час (до омекнување), при што неколкупати промешувајте. Печениот зеленчук оставете го да се излади и потоа изблендирајте го за да добиете изедначена смеса. Послужете го со интегрален супер леб по Ваш избор. Ви гарантираме комбинација од вкус и здравје!
Намаз од црвена пиперка и тиквичка
Последниот намаз кој ви го препорачуваме е од црвена пиперка и тиквичка. За негова подготовка е потребна една тиквичка, една црвена пиперка, едно чешне лук, една лажичка кумин и сол. Ставете ги состојките во блендер и блендирајте до изедначена текстура. Послужете со парче интегрален супер леб по желба и уживајте во вкусот!