Да излижеш прсти: „Sloppy Joe“ бургер, по рецептот на Марта Стјуарт
Меко, воздушесто одвнатре и крцкаво однадвор лепче во комбинација со луто, мелено говедско месо и кисели краставички? Сите сме ЗА!
Ова е еден од најпопуларните американски рецепти – бургерот со необично име „Sloppy Joe“ кој би го превеле како „Несмасниот Џо“. Можеби изгледа несмасно, но вкусот е совршен. Крајниот резултат ќе биде празна чинија и покрај навидум „непривлечниот“ изглед.
Марта Стјуарт го сподели својот рецепт за Слопи Џо:
Потребни состојки:
- 4 тркалезни лепчиња за бургери (можете да купите готови или пак да ги направите самите, доколку ве бидува за месење)
- 500 gr мелено јунешко месо
- 1 кромид
- ½ лажица чили пиперка во прав
- 2 чешниња лук
- 1 лажица готов ворчестер сос
- 400 gr сос од патлиџани
- 60 ml кечап
- 4 кисели краставички
- 1 лажица сончогледово масло
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Во подлабока тава загрејте го маслото. Додадете го сечканиот кромид, лукот и чили пиперката во прав. Промешајте, додадете сол и на средна температура пржете околу 5 минути.
Додадете го меленото јунешко месо. Продолжете со пржење додека месото не ја изгуби розовата боја, повторно околу 10 минути.
Додадете го сосот од патлиџани, кечапот и ворчестер сосот. Добро измешајте и оставете кратко време да се крчка на оган со малку повисока температура.
Во секое лепче ставете од подготвената смеса со месо и зачинете по вкус. Додадете кисели краставички во секој од бургерите исечкани по должина или на тркалца.
(О)Милена | Црнобело