Рецепт за најевтиниот летен ручек
-->
Летен ручек кој мора да го пробате ако ја сакате традиционалната мешавина од пиперки, домати, кромид и малку месо.
Подготовката е повеќе од лесна, а состојките се лесно достапни и евтини.
-->
Потребно ви е:
- 1-2 модри домати со средна големина
- 6-7 зелени пиперки
- 2 главици виолетов кромид
- 3-4 домати со средна големина
- 50g свеж магдонос
- 5-6 чешниња лук
- 400g домашни колбас
- Масло, сол и зачини по желба
- 100ml сос од домати
Подготовка:
- Исчистете ги зеленчуците и исечкајте ги на поголеми парчиња.
- Исечканиот, посолениот модар домат процедете го и пропржете го. Тргнете на страна.
- Истото повторете го и со пиперките. Во тавчето продинстајте го кромидот со доматите.
- Спојте ги исечканиот магдонос и иситнетиот лук.
- Пропржете ги и колбасите на страна.
- Во длабока тава ставете ред од мешавината од лукот и доматите, па потоа ред модар домат, па пиперки. Потоа додадете дел од колбасите и завршете со мешавината од магдонос и лук.
- Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Прелијте со 100 ml сос од домати. Нека прокрчка 10-15 минути на тивок оган.
- Послужете со додатоци по желба.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...