Рецепт за златен сладолед – најлесниот начин до добар имунитет
Состојките се малку поскапи и поздрави, но сладоледот е со раскошен вкус и лековити својства.
Ако досега пиевте златно млеко за подобар имунитет, време е да се префрлите на неговата летна варијанта.
Потребни состојки:
- 700g кокосово млеко
- 4 лажици мед
- 2 лажици куркума во прав
- ½ лажица ѓумбир во прав
- ½ лажица цимет во прав
- 1 лажица кокосово масло
- 1 ванилин шеќер
- Малку сол
- 50g јаткасто овошје
Подготовка:
Во длабоко тенџере ставете ги сите состојки и полека загревајте ги. Не дозволувајте течноста да зоврие.
Претурете ја течноста во сад во кој може да се мати со миксер. На секој половина час матете ја мешавината, па ставете ја половина час во замрзнувач наизменично.
Повторете ја постапката 5-6 пати и оставете го сладоледот да преноќи во замрзнувач.
Послужете со кршени или мелени јаткасти плодови. Може да додадете и лажичка мед, доколку ви недостасува благ вкус.
М. Д. | Црнобело