Омилен десерт од детството: Кокосови коцки со мармалад

Коцки со освежителен мармалад, потопени во чоколадо, па извалкани во кокос – има ли нешто подобро?

omilen-desert-od-detstvoto-kokosovi-kocki-so-marmalad-01.jpg

Дали како мали сте јаделе чоколадни коцки со мармалад, извалкани во кокос?

Многумина ги потсеќа ова на вкусот на детството, иако оригиналниот рецепт е според австралискиот специјалитет ламингтонс.

Но и оние што првпат ќе ги пробаат, ќе се заљубат на прво залче.

Потребни состојки:

За колачот:

  • 3 јајца
  • 150g шеќер
  • 100ml масло
  • 100ml млеко
  • 130g брашно
  • 10g прашок за печиво
  • Прстофат сол

За чоколадниот прелив:

  • 250g темно чоколадо
  • 250g путер
  • 200ml млеко

За декорација:

  • 300g кокос

Начин на подготовка: 

  • Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките додека не добиете пенеста смеса.
  • Измешајте ги жолчките со маслото и шеќерот, па додадете го прашокот за печиво и постепено млекото.
  • Потоа додадете прстофат сол и полека измешајте ги белките со смесата од жолчки.
  • Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна 20 минути на 180 степени. Оставете колачот да се излачи половина час.
  • Оладениот колач поделете го на половина и внатрешниот дел намачкајте го со богат слој мармалад од јагоди/малини или друго црвено овошје. Преклопете со горниот дел и исечете коцки.
  • Стопете го чоколадото со путерот и млекото така што ќе добиете мазна смеса за фил.
  • Потопете ги коцките од сите страна, а потоа извалкајте ги во кокос.
  • Служете ги на собна температура.

omilen-desert-od-detstvoto-kokosovi-kocki-so-marmalad-02.jpg

omilen-desert-od-detstvoto-kokosovi-kocki-so-marmalad-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg