„Крок Мадам“ – сендвичот кој ќе успее да ви го поправи и најлошото расположение

Croque monsieur или Крок Мисје е француски топол сендвич чии главни состојки се шунка и кашкавал. Сендвичот за првпат започнал да се служи во француските кафулиња како топла закуска.

Krok-Madam-sendic-01.jpg

Неговата варијација е женската верзија – Croque Madame или Крок Мадам која опфаќа „јајце на око“ врз сендвичот, а името го добило бидејќи јајцето потсетува на женска шапка.

Овој топол сендвич е идеален за појадок, брз ручек, па дури и вечера, идеален за ситуациите кога ни е потребна малку храна за утеха или добро расположение.

Потребни состојки (за 2 сендвичи):

  • 5 лажици путер
  • 20 g брашно
  • 250 ml млеко
  • 4 парчиња бел леб
  • 100 g свинска шунка
  • 100 g изрендано тврд кравји кашкавал
  • 2 лажички сенф
  • 2 големи јајца
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад стопете 2 лажици од путерот. Додадете го брашното и мешајте на средна температура (најдобро со жица за матење) додека не добиете убава, златна смеса. 
  • Додавајте го полека млекото и солта и константно мешајте на средна температура додека смесата не се згусне.
  • Тргнете го бешамел сосот од огнот и додадете околу 50 gr рендан кашкавал.
  • Двете парчиња леб премачкајте ги со сенфот. Ставете шунка, ставете од бешамел сосот и распоредете го преостанатиот рендан кашкавал. Покријте го лепчето со другата кришка леб.
  • Стопете 2 лажици путер во чисто тавче и ставете ги сендвичите во неа. Печете ги сендвичите од двете страни во тавчето додека благо не се заруменат.
  • Префрлете ги сендвичите врз хартија за печење. Премачкајте ги со останатиот дел од бешамел сосот и печете ги во загреана рерна на 200 степени. Потребно е да се запечат неколку минути додека сендвичите не добијат златна боја.
  • Во меѓувреме спржете 2 јајца на око. Извадете ги сендвичите од рерната и врз секој од нив ставете по едно јајце на око.
  • Зачинете по желба.

Krok-Madam-sendic (1).jpg

Krok-Madam-sendic (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg