Сладолед од лубеница со само 2 состојки - вистинско летно освежување
-->
Топлите летни денови се незамисливи без ладна лубеница. Ако сте љубител на вкусот, пробајте го овој лесен рецепт за освежувачки сладолед од лубеница.
Потребни состојки:
- 700g лубеница исчистена од семки
- 250ml грчки јогурт или кондензирано млеко
Подготовка:
- Во една тава или кутија ставете парче хартија за печење.
- Лубеницата исечете ја на мали коцки и распределете ја низ тавата. Ставете ја во замрзнувач 3 часа.
- После 3 часа извадете ја лубеницата и започнете со подготовка на сладоледот. Половина од лубеницата ставете ја во блендер и блендајте додека не добиете мазна смеса.
- Потоа додадете го јогуртот или кондензираното млеко и остатокот од лубеницата.
- Смесата ставете ја во сад погоден за замрзнување 2-3 часа.
-->
Сладоледот ви е готов и подготвен за сервирање.
Погледнете и - Фото водич: Како да одберете совршена лубеница?
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
-->
-->