Ледена мока торта од која ќе посакате парче повеќе

Ги сакаме рецептите кои се едноставни, не ви го трошат половина од денот и целиот паричник, а притоа се неверојатни вкусни. 

Ledena-moka-torta-01.jpg

Доколку сте во потрага по лесен, летен рецепт кој ќе го задоволи вкусот на сите, нема да погрешите со оваа ледена мока торта.

Потреби состојки:

  • 1 шолја чоколадни наполитанки (исечкани ситно)
  • ¼ шолја шеќер
  • ¼ шолја стопен путер
  • 1 пакување (околу 225 gr) омекнато крем-сирење
  • 1 конзерва (околу 400 ml) засладено, кондензирано млеко
  • 2/3 шолја течно чоколадо
  • 2 лажици инстант кафе во гранули
  • 1 лажица врела вода
  • 1 шолја слатка павлака, изматена во густ крем

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте ги сечканите наполитанки, шеќерот и путерот. Оваа смеса натапкајте ја со помош на дното од чаша на дното од кружен калап чиј обрач се вади.
  • Во подлабок сад измешајте го крем сирењето, млекото и течното чоколадо додека не добиете мазна смеса. Растворете го инстант кафето со врелата вода и додадете го во првата смеса. На крајот додадете ја изматената слатка павлака и добро измешајте.
  • Оваа течна смеса истурете ја врз првичниот слој наполитанки. Оставете ја мока тортата добро да се стегне во замрзнувачот најмалку 8 часа или најдобро во текот на целата ноќ.
  • Пред послужување извадете ја тортата да се пушти околу 10-15 минути. Извадете го обрачот од калапот и со нож поминат под топла вода сечете парчиња.

Ledena-moka-torta-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg