Ако летово не успееме да отидеме – направете си дома грчки локумадес
-->
Покрај уживањето на плажа и мирисот на море, сигурно ви недостасуваат и грчките специјалитети.
Досега веројатно барем на еден викенд многумина ќе имаа отидено во Грција, но уште не знаеме ни кога ќе можеме да ја посетите во текот на летото.
-->
Па за да не жалите по омилениот грчки десерт, ви нудиме рецепт како сами да си направите грчки локумадес.
Топли, крцкави однадвор и меки одвнатре, со мед и цимет – уживајте во највкусните крофнички.
Потребни состојки
За смеса:
- 450g брашно
- 2 лажички сол
- 2 шолји млака вода
- 15g сув квасец
- 4 лажици маслиново масло
- Маслиново масло за пржење
За сирупот:
- 200g шеќер
- 170g мед
- 120ml вода
Начин на подготовка:
- Истурете го брашното во голем сад, додадете сол и измешајте го сувиот квасец.
- Млаката вода полека додавајте ја во брашното, мешајќи со електричен миксер, додека не ја истурите цела вода и смесата стане мека и мазна.
- Покријте ја смесата со чиста крпа и оставете ја на топло место да отстои 1 час и да стаса. Смесата треба да се поткрене дупло.
- Ставете дебел слој зејтин во тенџере за пржење, потопете ја лажичката во него откако ќе се загрее за да не ви се лепи смесата.
- Со лажица земете од смесата и ставете топче во зејтинот. Наполнете го тенџерето со топчиња во еден ред.
- Локумадесот ќе се наполни и надигне многу брзо. Свртете ги на другата страна и кога ќе добијат златникава боја извадете ги со лажичка и ставете ги на хартија да се цедат.
- За сирупот, додадете ги сите намнирници во мало тавче и ставете ги на среден оган околу 5 минути.
- Додека е топол прелијте ги крофните и сервирајте ги топли. Може да додадете и плус мед и да ги наросите со цимет. По желба може да ги потопите и во топено чоколадо.
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...