Се топи во уста – грчки чоколаден колач (соколатопита)
-->
Доколку имате желба за торта, колач, многу чоколадо и можеби малку сладолед, ова е рецепт што ги обединува неколкуте споменати категории.
Сочна, мека внатре и малку крцкава однадвор, богата со чоколадо, а „шлагот“ на питата е всушност сладолед по ваш вкус – може ли да биде подобро од ова?
-->
Потребни состојки:
За тестото:
- 4 јајца
- 300 gr бело брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- ½ лажичка сол
За чоколадниот прелив:
- 350 ml вода
- 500 gr шеќер
- 300 gr путер
- 1 кесичка ванилин шеќер (или екстракт од ванила)
- 100 gr какао
- 30 ml рум
Начин на подготовка:
- Започнуваме со подготовка на чоколадниот прелив. Во подлабок сад на средна температура се става прво водата, шеќерот, путерот и ванилата. Се додава и какаото и добро се промешува. Се остава да врие преливот 3-4 минути со непрестајно мешање. Преливот треба да биде кремаст, но не и премногу густ. На крајот се додава румот, се промешува повторно и се тргнува од огнот.
- Преливот се дели на 2 дела и се остава добро да се олади.
- Се продолжува со подготовка на тестото. Се двојат белките од жолчките. Прво се матат белките со силна брзина додека не добиеме пенест, воздушест бел крем. Потоа се додаваат и жолчките и добро се соединува со миксер.
- Во оваа смеса се додава ½ од чоколадниот прелив и се меша нежно со поголема лажица. На крајот се додава брашното, прашокот за печиво и половина лажичка сол и добро се промешува.
- Смесата се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути во добро намастен плех (20×30 cm).
- Кога питата е испечена ја сечеме додека е топла на коцки и полеваме со преливот онолку колку што сакаме. На крајот додаваме топка сладолед по желба, најдобро од ванила, но вие може да употребите каков сакате, согласно вкусот.
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
-->