Полнети панцероти од компир – сочен ручек од кој сите ќе бараат уште
-->
Љубителите на рецепти со компир ќе уживаат во овие вкусни, полнети панцероти.
Наместо класични панцероти од тесто, направете си ги од компир, а наполнете ги со салама, пармезан и вкусни додатоци по желба.
-->
Рецептите со компир немаат крај, а овој може да си го додадете на листа на омилени.
Потребни состојки:
- 600g варени компири
- 100g пармезан
- 2 лажици маслиново масло
- 250g брашно
- Магдонос
- Сол и бибер
- Салама и кашкавал по желба
Начин на подготовка:
- Сварете ги компирите, изгмечете ги и додадете зачини.
- Додадете маслиново масло, пармезан и постепено додавајте од брашното.
- Измешајте ја смесата со лажица па со раце, а потоа развлечете ја со сукало на работна маса. На рацете имајте брашно за да не ви се лепи смесата.
- Направете кругови со поголема чаша или сад.
- На кружните исечоци редете парче салама и кашкавал, преклопете на пола и на краевите притиснете неколку пати со прстите.
- Ставете ги на тава и пржете ги 4 минути на секоја страна, на малку маслиново масло или печете ги 20 минути на 180 степени.
Видео од начинот на подготовка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...