Неодоливо слатки сендвичи со сладолед, потопени во чоколадо

Овој лесен, едноставен, сладок рецепт ќе го обожаваат сите дома – од најмладите до најстарите, како и сите ваши пријатели. Одличен за освежување и моментите кога не сте баш расположени за правење на комплицирани десерти.

Slatki-sendvici-so-sladoled-01.jpg

Направете си слатки, мини сендвичи со сладолед по ваш избор, потопете ги во чоколадо и уживајте во денот.

Потребни состојки (за 4 колачи):

  • 4 големи лажици сладолед по вкус (чоколаден, ванила, шумско овошје итн.)
  • 8 чоколадирани кружни бисквити
  • 85 g млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  • Секоја од четирите топки сладолед, избран според вашиот вкус, ставете ја помеѓу 2 чоколадни бисквити. Образувајте мали сендвичиња и ставете ги најмалку 15 минути во замрзнувачот за да се стегнат.
  • Во меѓувреме, стопете го чоколадото на пареа. Потопете ја само едната страна од слаткото сендвиче и вратете ги сите повторно во замрзнувачот да се оладат, околу 5 минути.

Slatki-sendvici-so-sladoled (2).jpg

Slatki-sendvici-so-sladoled (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg