Талентирана Македонка за која готвењето е уметност: 8 предлог рецепти од Викторија Кочишка
-->
Салата со булгур
Потребни состојки:
- 1 шолја булгур
- 1 китка магданос
- Неколку листови марула
- 3 ротквици
- 3 млади кромитчиња
- Пола конзерва пченка
- Маслинки
- Маслиново масло и сол
- Сок од 1 цеден лимон
Прво се подготвува булгурот. Се прелива со врела вода и се остава да отстои додека не ја впие цела течност.
Мафини со малини, капини и чоколадо
Потребни состојки:
- 1 шолја за кафе кафеав шеќер
- 3 шолји брашно
- 1 прашак за печиво
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка цимет
- 1/2 шолја растопено кокосово масло
- 1 шолја млеко (на собна температура)
- 2 јајца (на собна температура)
- 1/2 шолја малини
- 1/2 шолја капини
- 100 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Во голем сад се мешаат сувите состојки (освен кафеавиот шеќер): брашното, прашокот за печиво, солта, ванилин шеќер и цимет.
- Во друг сад се мешаат шеќерот и јајцата. Постепено се додаваат млекото и растопеното кокосово масло.
- Течните состојки се додаваат во големиот сад со сувите состојки и се меша сè додека не се соедини смесата.
- Во смесата се додаваат малините, капините и чоколадото и се меша.
- Со лажица се полнат калапи за мафини и се печат во рерна 20-25 мин на 200 степени.
-->
Пилешко со зеленчук, соја сос и мед
- Одлична комбинација со ориз
Потребни состојки:
- 500 гр пилешки стек
- 250 гр брокула
- 3 пиперки
- 2 големи лажици сода
- 2 големи лажици мед
- 1 мала лажица вегета
- 2 мали лажици сусам
Начин на подготовка:
- Пилешкото се пржи на тава и се зачинува со вегета.
- Кога ќе биде готово се става 1 голема лажица соја сос, 1 голема лажица мед, 1 мала лажица сусам и се меша 1-2 минути.
- Се трга пилешкото во сад, а течноста останува. Во истата течност се пржат пиперките.
- После 10-15 минути се додава брокулата.
- После 10 минути се додава пилешкото, 1 голема лажица соја сос, 1 голема лажица мед и 1 мала лажица сусам.
- Се заедно се готви на рингла уште 5 минути.
Солени мафини
Потребни состојки:
- 2 шолји бело брашно
- 1 шолја 'ржано брашно
- 2 јајца
- 1 прашок за печиво
- Пола шолја маслиново масло
- 1 шолја јогурт
- 100 гр путер
- 2 големи лажици кисело млеко
- 1 мала лажица вегета, малку оригано и сусам
- 2 големи лажици семки од сончоглед
- 1 голема лажица семки од тиква
- Изрендана кора од лимон
- Како додаток може да ставите: сирење/кашкавал/урда/моцарела.
Начин на подготовка:
- Јогуртот и киселото млеко се мешаат заедно со малку млака вода.
- Во поголем сад се мешаат сувите состојки: брашното, прашокот за печиво и зачините.
- Во посебен сад се мешаат течните состојки: јајцата, јогуртот и киселото млеко, растопениот путер и маслиновото масло. Се додаваат семките и кората од лимон.
- Смесата од течните состојки се претура во садот со сувите состојки. Се меша додека не се соединат состојките.
- Се печат во рерна на 200 степени 20-30 мин.
Уште убави рецепти на нејзиниот Инстаграм профил!
-->
-->
-->
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...