IKEA го откри тајниот рецепт за омилените ќофтиња – идеја за ручек во карантин
Покрај евтиниот и функционален мебел, IKEA е позната и по ќофтињата кои се подготвуваат во нивните кантини, заради кои многу луѓе првично ја посетуваат оваа продавница.
За жал, периодов не можете да „избегате“ на ден или викенд до Солун за да уживате во прочуените ќофтиња на IKEA, но за таа цел тие го споделија нивниот најпосакуван рецепт.
„Знаеме дека на некои луѓе им недостасуваат нашите ќофтиња, па одлучивме да ви понудиме алтернатива.
Сите состојки се лесно достапни, а ќе им помогнат и на оние кои бараат инспирација што да зготват. Да се биде постојано дома е тешко, но сакаме да им го направиме на луѓето ова искуство полесно и задоволувачко“, изјави Лорена Лоуридо, менаџерот за храна на Ikea.
Missing your IKEA meatball fix? We’ve created a recipe for you to recreate this delicious dish in the comfort of your own home #IKEAmeatballs pic.twitter.com/d89lRsJxH7
— IKEA UK (@IKEAUK) April 20, 2020
Па, сега веројатно можеме да погодиме што следно ќе правите за ручек, посебно ако сте од оние кои одат до IKEA само заради овој ручек...
Потребни состојки за четири лица
За ќофтиња:
- 500 g мелено говедско месо
- 250 g мелено свинско месо
- 1 главица ситно исечкан кромид
- 1 чешне ситно исечкан лук
- 100 g лебни трошки
- 1 јајце
- 5 лажици полномасно млеко
- Сол и бибер
За сос:
- Малку масло
- 40 g путер
- 40 g брашно
- 150 ml зеленчукова супа
- 150 ml говедска супа
- 150 ml полномасна хопла
- 2 лажици соја сос
- 1 лажица „Дижон“ сенф
Начин на подготовка
Ќофтиња:
Измешајте ги двата вида месо и направете хомогена смеса. Додајте ги кромидот, лукот, лебните трошки и јајцето и продолжете со мешање. Додајте млеко и сол и бибер по желба.
Од смесата направете мали ќофтиња. Ставете ги на чинија, покријте ги и оставете ги да отстојат два часа во фрижидер. На овој начин, ќофтињата ќе ја задржат формата при готвење.
Во тава загрејте масло на среден оган. На загреаното масло додајте ги ќофтињата и пржете додека не станат кафеави на сите страни.
Потоа ставете ги во тава со капак и печете ги уште 30 минути на температура од 180 степени.
Сос:
Растопете го путерот во тава, додајте го брашното и мешајте околу 2 минути. Додајте по 150ml од претходно зготвените супи и продолжете со мешање.
На крај додајте ги хоплата, соја сосот и сенфот и оставете го сосот да се крчка додека не згусне.
Послужете ги ќофтињата со компири или пире. Добар апетит!
Спирова С. | Црнобело